Италијански специјалитет на вашата трпеза.
Состојки за тесто:
- 250 гр брашно
- 20 гр квасец
- малку млеко
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- 30 мл масло
Состојки за фил:
- 3 лажици масло
- 300 гр домати
- 100 гр моцарела
- сол
- бибер
- босилек
- мајчина душица
Начин на подготовка:
- Брашното ставете го во сад и во средината направете дупка.
- Издробениот квасец замесете го со малку млако млеко, шеќер и брашно и оставете 30 минути да се подигне.
- Потоа со брашното и останатите состојки замесете во глатко тесто и оставете повторно да се подигне.
- Ставете го тестото во намастен плех па со намастени раце раширете и прекријте со фил.
- Тестото прекријте го со кругови домати, зачинете, а од горе распоредете парчиња сирење. Прелијте со масло и печете 22 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука