Пандишпанот мами со мирисот, внатре вишни, горе чоколадо – колач за сите времиња

Пандишпанот мами со мирисот, внатре вишни, горе чоколадо – колач за сите времиња

Пандишпан кој мами со мирисот, вишни и чоколадна глазура.

Уживајте во овој десерт.

Состојки:

  • 180 гр. маргарин
  • 180 гр. шеќер
  • 4 јајца
  • 2 лажици сварено нес кафе
  • 50 гр. какао
  • 100 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 400 гр. вишни (или друго овошје)

Глазура:

  • 70 мл. слатка павлака
  • 150 гр. млечно чоколадо

Подготовка:

  1. Се мати со миксер маргаринот со шеќер и се додаваат 4 јајца, едно по едно додека се мати.
  2. Се додаваат и 2 лажици нс кафе, па какао и брашно и прашок за пециво.
  3. Се мати со миксер убаво оваа смеса и се става на плех со хартија, па се ставаат вишни во тестото или овошје по избор.
  4. Се пече на 180 степени 20 минути.
  5. За глазура се става слатка павлака на оган со чоколадо, па се става ова врз оладениот колач.

 

 

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед