Вкусна и освежувачка салата со сардини.
Состојки:
- 3 лажици сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук, ситно сечкан
- 2 лажици сушено оригано
- 1/2 лажичка свежо мелен бибер
- 3 домати со средна големина, исечкани на поголеми парчиња
- 1 голема краставица, исечкана на поголеми парчиња
- 1 конзерва леблебија
- 1/3 шолја издробено фета сирење
- 1/4 шолја тенко сечкан кромид
- 2 лажици исечкани маслини
- 2 конзерви сардина во маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во поголем сад разматете сок од лимон, масло, лук, оригано и биер. Додајте потоа домати, краставици, леблебија, сирење, кромид и маслини, па лесно измешајте.
- Сервирајте на чинија и потоа на салатата наредете сардини исцедени од масло.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути