Уштипци од пилешко со пиво во сочен сос

Уштипци од пилешко со пиво во сочен сос

Уштипци какви што не сте пробале досега!

Состојки:

  • 300 гр пилешко бело месо
  • 100-150 гр брашно
  • 2 јајца
  • 150 мл пиво
  • 2-3 лажици мајонез
  • 2-3 лажици павлака
  • 1 лажичка сенф
  • магдонос
  • бибер
  • сол
  • 2-3 чешниња лук
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на стапчиња, посолете и побиберете. 
  2. Во чинија додајте брашно, јајца и пиво па добро измешајте со жица. Загрејте масло, месото провлечете го низ подготвената смеса од јајца и пржете како уштипци. 
  3. Вадете ги на хартиени салфети да ја впијат маснотијата. 
  4. Во мајонезот додајте лажица павлака и лажичка сенф. Додајте и сечкан лук и сечкан магдонос.

Послужете и уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text