Погачи со посебен шмек: Не се ниту со сирење, ниту со салама и кашкавал, нема повкусни

Погачи со посебен шмек: Не се ниту со сирење, ниту со салама и кашкавал, нема повкусни

Појадокот е најважниот оброк, па затоа денеска ви нудиме нешто вкусно.

Едноставни погачици со сланина и лук.

Состојки:

  • 230 гр. брашно
  • 150 мл. млака вода
  • 1,5 лажички сол
  • 10 гр. квасец
  • 1 младо лукче
  • малку сланина сечена на коцки
  • 1 кисела павлака

Подготовка:

  1. Се меша квасецот со малку топла вода и со лажица брашно, а откако ќе се активира, се меша со брашното и водата и се остава да нарасне.
  2. Се размесува тесто и се прават две погачи, се развлекуваат и се ставаат на плех со хартија.
  3. Се мачкаат со павлака, се става сланина по нив и малку лукче.
  4. Се печат на 200 степени половина час.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

singlepost_text