Вкусно месо со кремав сос за сите сетила.
Состојки:
- 500 гр. пилешко месо
- 1 кромид
- 2 чешни лук
- 100 гр. маргарин
- 200 гр. павлака за готвење
- 200 гр. кашкавал
- ½ сок од лимон
- сол
- бибер
Подготовка:
- Се сече и динста на маргаринот кромидот, па се додава ситно сечениот лук и се динста.
- Се додава павлаката со рендан кашкавал и се остава да зоврие со мешање, па се ставаат зачини.
- Пилешкото се сече на коцки и се запржува па се става малку сок од лимон и се прелива со сосот.
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо