Ќе уживате во секој залак…
Состојки:
- 20-25 ќебапи
- 500-600 гр компири
- 30 гр путер
- 300 гр рикота сирење
- 2 лажици кисела павлака
- 3 јајца
- 2 печени црвени пиперки
- 150 гр печурки
- 150 гр кашкавал
- копар
- малку магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Подгответе калап со пречник од 24 см. Полуодмрзнатите ќебапи исечкајте ги на половини и наредете ги право во калап за торта или длабоко тенџере. Компирите згответе ги и испасирајте ги, додајте путер, сол и бибер по вкус и исечкан магдонос.
- Разматете јајца со 2 лажици кисела павлака и додајте рикота. Посолете и додајте исечкан копар. Добро измешајте. На дното на калапот наредете парчиња ќебапи (околу 1 см, со исчениот дел на горе). Ставете половина од смесата од компири. Од горе наредете ленти печени пиперки. Прекријте со рикота и од горе наредете ги останатите парчиња ќебапи.
- Ставете ја другата половина компири и убаво израмнете со лажица. На малку путер издинстајте печурки исечкани на листови и наредете ги на слојот од компири.
- Запечете во рерна на 200 степени околу 1 час (Важно е ќебапите да бидат добро испечени). На крај посипете со изрендан кашкавал и вратете во рерна неколку минути, колку да се растопи.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо