Нешто што сигурно не сте го подготвиле до сега. Рецепт за баклава со пудинг.
Состојки:
- 500 гр готови кори за пита
- 1 л. млеко
- 3 кеси пудинг од ванила
- 4 лажици шеќер
- 4 јајца
- 1 дл. масло
- 4 лажици шеќер за корите
- 500 гр. шеќер за шербет
- 2 шолји вода
Подготовка:
- Се варат трите пудинзи во литро млеко и се става шеќер.
- Нека се лади пудингот, па ставете да се вари водата со 500 грама шеќер за шербетот.
- Откако ќе зоврие се доволни 2-3 минути, па тргнете ја од оган.
- Се матат јајцата со шеќер, па маслото.
- Се делат корите така што треба да добиете три ролати.
- Се зема првата и се премачкува со смеса од јајца и масло, па се става другата кора која исто така се премачкува, па третата која не се премачкува, туку се става пудинг и се витка ролат.
- Се става во подмачкан плех и истото се повторува со остатокот од корите.
- Се става малку масло горе и се печат на 180 степени 15 минути убаво да порумени.
- Се става потоа шербетот кој веќе се оладил.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта