Најдобро од сè е што можат да бидат и солени и слатки!
По желба можете да додадете шеќер или повеќе сол во смесата и така да добиете слатка или солена варијанта.
Состојки:
- 1/4 шолја путер
- 1 шолја брашно
- 1 шолја млеко
- 6 јајца благо разматени
- 1/8 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех ставете путер и ставете во рерна да се растопи.
- Измешајте брашно, млеко, јајца и сол. Разматената смеса ставете ја во плех со растопен путер и печете во загреана рерна 30-40 минути додека палачинката не порумени.
- Печената палачинка можете да ја посипите со шеќер во прав или да ја послужите со преливи по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта