Направете брзи и вкусни погачи за утрото или крајот на денот.
Состојки:
- 1 квасец
- 2 лажички шеќер
- 6 дл. млеко
- 800 гр. брашно
- 1 лажиче сол
- 450 гр. мелени чварки
- 1 јајце
- сусам за горе
Подготовка:
- Се става квасецот во топло млеко и се става шеќер, па се просејува брашното со сол, а потоа му се додава квасецот со млеко.
- Се меси тесто и се остава половина час да нарасне.
- Се мелат чварките и им се става сол по потреба.
- Се расукува тестото, се мачка со чварките и се поклопува како писмо, па се остава кратко да нарасне.
- Вака се прави два пати.
- Потоа се вадат со чаша погачи и се редат на плех, па се става сусам и се печат на 200 степени додека не добијат убава златна боја.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: