Руска салата со макарони

Руска салата со макарони

Руската салата е неизоставен дел од речиси секоја празнична или славска трпеза. Сепак, еве како можете да ја направите да ви биде оброк за секој ден, а сепак да го има оној феноменален кремаст вкус на мајонез, шунка и павлака.

Состојки:

  • 1/2 кг макарони
  • 400 мл кисела павлака Пекабела
  • 1 чаша мајонез (чаша од 200 мл)
  • 1/2 кг исечкана шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 7-9 кисели краставички
  • 5 варени јајца
  • малку сенф
  • сол
  • бибер
  • зеленчук по вкус (грашок, пиперки, моркови)

Начин на подготовка:

  1. Обварете ги макароните. Би требало да изберете ситни макарони, полжавчиња или други ситни облици. Измијте ги, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Кога ќе бидат добро изладени додајте во нив кисела павлака, мајонез, исечкана шунка, изрендан кашкавал, краставички, јајца и зачини. Сè добро измешајте. 
  2. Слатата треба да ја направите барем ден пред послужување бидејќи на макароните им треба време да впијат. 
  3. Напомена: Ако салатата е многу сува, бидејќи макароните ја впиле целата павлака, можете да додадете уште малку павлака за салатата да биде сочна.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text