Вкусното јадење полнети пиперки во ново руво. Направете ги со сирење и млади компири.
Состојки:
- 4-5 пиперки
- 5-6 компири
- 300 гр. сирење
- 2 лажици кисела павлака
- 3 јајца
- масло
Подготовка:
- Се чистат и мијат пиперките и се солат од внатре.
- Се ставаат изронетото сирење, јајцата и киселата павлака во сад со пет лажици масло и се полнат пиперките со смесата.
- Се редат на тава со масло, а компирите се сечат на тркалца и им се ставаат зачини, па се редат меѓу полнетите пиперки.
- Се мешаат 4 лажици масло со 4 лажици вода и се полева горе.
- Се печат додека компирите не добијат боја на 200 степени.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа