Ваква пица никогаш не сте јаделе: Подлогата не е тесто (Видео)

Ваква пица никогаш не сте јаделе: Подлогата не е тесто (Видео)

Изненадете го семејството со нешто што не го пробале досега.

Рецептот за оваа единствена пица го објави порталот Tastemade.

Состојки:

  • 1 кг компири за помфрит
  • 100 гр пармезан
  • 300 гр рендана моцарела
  • 300 гр италијанско Проволоне сирење
  • 1 мала лименка сос од домати
  • 1 рака пикантни колбаси (тенко исечкани на кругови)
  • 1 лажичка оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја печката на 200 степени, па ставете компирчиња во тепсија и печете ги 15 минути. 
  2. Потоа одвојте 200 гр компирчиња, а остатокот наредете го во округол сад како што е прикажано во видеото. Втиснете со чаша па на тоа ставете ја смесата од пармезан и оригано. Печете 20 минути.

     

  3. Извадете од печка па ставете Проволоне сирење. Премачкајте со сос од домати па наредете 100 гр моцарела. На тоа ставете го остатокот од компирите, па повторно слоеви – Проволоне сирење, домат, моцарела (овој пат 200 гр). На врвот на пицата наредете колбаси.

     

  4. Печете половина час на 190 степени додека не добиете убава кафеава боја. Извадете, оставете 5 минути и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text