Засладете го викендот: Рецепт за најкремастото тирамису (Видео)

Засладете го викендот: Рецепт за најкремастото тирамису (Видео)

Кремаст и неодолив десерт…

Состојки:

  • 150 гр пишкоти
  • 3 жолчки
  • 100 гр шеќер во прав
  • 300 гр маскарпоне сирење
  • 200 мл слатка павлака
  • 250 мл инстант кафе
  • рум
  • какао

Начин на подготовка:

  1. Згответе инстант кафе, додајте рум и ставете да се лади. Во жолчките ставете шеќер, со миксер разматете и мешајте на пареа да се згусне и термички да се обработи. Разматете ја слатката павлака. Во чинија ставете разматени жолчки, додајте сирење и слатка павлака, па сè убаво изедначете. 
  2. Помал плех обложете со проѕирна фолија, па по дното наредете пишкоти кои сте ги провлекле низ инстант кафе. Преку пишкотите ставете половина од кремот, па наредете пишкоти. Прекријте со фолија, па оставете 20 минути во замрзнувач малку да стегне. 
  3. Свртете на послужавник, тргнете ја фолијата и премачкајте со остатокот од кремот. Посипете со какао во прав или чоколаден прав. Мора да остане во фрижидер неколку часа убаво да се излади. Вкусот е неописливо добар. Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text