Ручек деликатес, сите ќе бараат порција плус – нешто повкусно и од мусака

Ручек деликатес, сите ќе бараат порција плус – нешто повкусно и од мусака

Направете вкусен ручек за сите сетила. Често ќе биде на вашата трпеза и сите ќе сакаат порција плус.

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 500 гр. мелено месо
  • 1 шолја ориз (мала)
  • 1 кромид
  • 2 дл. доматно пире
  • 2 јајца
  • 4 лажици кисело млеко
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • 2 јајца за поховање
  • презла
  • брашно

Подготовка:

  1. Се става кромидот на масло ситно сецкан, па се става меленото месо и се додава вода, па зачини и доматно пире, и потоа се се крчка 30 минути.
  2. Тиквичките се мијат и лупат, па се сечат по должина. Се валкаат во брашно, јајца и презла, па се пржат на масло.
  3. Се вари оризот кратко да омекне, па се става вегета во него.
  4. Се мешаат две јајца за прелив со кисело млеко и зачини.
  5. Во огноотпорен сад се става малку масло и се премачкува, па ред тиквички, па ориз, па месо и пак истото додека има материјал.
  6. Се става преливот горе и се пече на 200 степени 25 минути.
  7. Горе може да си изрендате и кашкавал.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

 

 

 

singlepost_text