Направете вкусна плазма торта со мерки во лажички.
Состојки:
- 3 јајца
- 21 лажици шеќер
- 16 лажици масло
- 21 лажици млеко
- 23 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици какао
Фил:
- 4 кисели павлаки
- 250 гр шеќер во прав
- 300 гр мелена плазма
- шлаг за декорација
Подготовка:
- Се матат заедно сите состојки за кора, па се прават три кори и се печат.
- За една кора во плех ставете 2-3 кутлачи од смесата.
- Се матат заедно павлаката со плазма и шеќерот, па се премачкува тортата со филот.
- Се реди кора, фил додека има, па горе се декорира со шлаг.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта