Изненадете ги домашните со овој превкусен десерт…
Состојки:
- 5 јајца
- 150 гр шеќер
- 100 гр брашно
- 100 гр гриз
- 50 мл масло
- 1 прашок за печиво
- 200 гр суви сливи
- шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и гриз измешан со прашок за печиво, потоа масло, сè убаво изедначете и ставете во намастен плех и тоа само половина, па распоредете.
- Печете на 200 степени пет минути, па извадете од рерна. Од горе наредете суви сливи, па ставете го остатокот од тестото и покријте го овошјето. Печете на истата температура уште 30 минути. Врелиот колач посипете го со шеќер во прав.
Послужете и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега