Десерт од две состојки: Енергетски плочки

Десерт од две состојки: Енергетски плочки

Кога имате потреба од енергија, само земете од овие енергетски плочки и за кратко ќе бидете полни со енергија.

Состојки:

  • 1 шолја урми без коски
  • неколку раце овесни снегулки

Начин на подготовка:

  1. Урмите потопете ги во вода така што водата ќе ги прекрие и оставете ги околу шест часа или преку ноќ. 
  2. Урмите со вода ставете ги во блендер и добро исечкајте ги додека смесата не стане кашаста. Потоа ставајте рака по рака овесни снегулки и продолжете со блендирање. Смесата треба да биде прилично мека и сочна, но мора да задржи форма. Околу четири раце овесни снегулки ќе бидат доволни. 
  3. Потоа смесата префрлете ја во плех или коцкаст огноотпорен сад, порамнете и ставете во фрижидер на неколку часа.

Уживајте во здравиот десерт!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text