Тиквицата е иделен избор за подготовка на јадења на лето, а еве еден едноставен рецепт за тестенини со тиквици.
Состојки:
- 1 кг тиквици
- 1 главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- неутрална павлака
- сол
- бибер
- зачини
- тестенини по желба
- малку маслиново масло
Начин на подготовка:
- Тиквиците исчистете ги и исечкајте ги на поголеми коцки. Исчистете го кромидот и исечкајте го што поситно. На малку масло продинстајте кромид, зачинете со сол, бибер и зачини, па додајте тиквици.
- Пред крај, кога тиквиците ќе омекнат, додајте и лук. Динстајте уште минута-две, па измешајте неутрална павлака. Згответе ги тестенините и прелијте ги со тиквици.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт