Подгответе вкусни солени кифлички по едноставен рецепт.
Состојки:
- 220 мл вода
- 120 гр путер
- 150 гр брашно
- 4 јајца
- малку сол
Начин на подготовка:
- Во длабока тава загрејте вода, путер и сол додека путерот не се растопи.
- Потоа замесете тесто и кога малку ќе се излади додајте јајца, едно по едно, добро мешајќи помеѓу додавањето.
- Плехот во кој ќе ги печете кифличките обложете го со хартија за печење и намастете со путер, па посипете со брашно.
- Со помош на две лажички обликувајте што помали топчиња и редете ги на плех за печење.
- Топчињата печете ги во рерна на температура од 220 степени максимум 20 минути.
- Пред крајот на печењето температурата намалете ја на 150 степени. Послужете ги полнети со паштета со салата.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот