Направете вкусна салата болоња.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 600 гр. боранија
- 100 гр. пилешко месо
- 200 гр. моцарела
- 2-3 лажици пченка
- 10 шери домати
- 1 лажица мајонез
- 2 лажици кисела павлака
- сол
- бибер
- вегета
Подготовка:
- Боранијата ситно се сече и вари во солена вода, па се цеди и се става во сад заедно со пченката и месото кои заедно ги вариме кратко, па цедиме.
- Се сече моцарелата и се додава, па се ставаат зачини и шери домати сечени на мали коцки, па мајонез и павлака и се соединува убаво се.
- Нека се олади 15 минути па послужете.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство