Совршени плескавички за љубителите на месо.
Вкусни и брзи, ова е рецептот за најсочно месо, уверете се и самите.
Состојки:
- 2 кг. мелено месо
- ½ шолји млеко во прав (250 мл)
- 2 лажички сол
- ¼ лажички црвен пипер
- малку бибер
- 1 лажиче лук во прав
- 3 лажици соја сос
- ½ шолји презла
Подготовка:
- Се става месото во поголем сад или вангла и се ставаат сите зачини, па убаво се меси околу 5 минути.
- Се прават плескавички или ќофтиња, се редат во тепсија со масло и се оставаат во ладилник.
- Се пржат потоа во тефлонска тава околу 7 минути од секоја зтрана.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: