Многу вкусни поховани тиквици од рерна. Од надвор крцкави, а од внатре меки и сочни…
Состојки:
- 2 средни тиквици
- 4 јајца
- 150 гр пармезан
- 2 лажици сусам
- 5 лажици презла
- 3 лажици брашно
- сол
- масло (2 лажици за една тепсија тиквици)
Начин на подготовка:
- Тиквиците добро измијте ги и исечкајте ги на кругови. Посолете и оставете ги да ја испуштат водата, па процедете ги.
- Измешајте брашно, презла, пармезан и сусам. Посебно разматете јајца и посолете ги.
- Секоја тиквица потопете ја во јајца, па извалкајте во мешавина од пармезан, повторно во јајца и на крај во мешавината. Редете ги тиквиците во плех обложен со хартија за печење, на секоја ставете по капка масло па печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
- Уживајте додека се топли, но и изладени се супер.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи