Еве како да направите вкусна кафанска чорба…
Состојки:
- 500 гр телешко месо од бут или врат
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- пашканат
- магдонос
- 1 корен целер
- 2 компири
- 1 дл масло
- 2 лажици брашно
- 2 дл кисела павлака Пекабела
- 1 жолчка
- сол
- бибер
- магдонос
Начин на подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го, па издинстајте го на масло. Додајте месо исечкано на коцки (и коски, ако има), налијте вода и динстајте на тивок оган околу еден час. Додајте зеленчук исечкан на коцки, зачинете со сол и бибер, па налијте околу 2 л вода.
- Направете и запршка од две лажици брашно, па сè заедно гответе уште околу половина час.
- Пред сервирање во готовата чорба измешајте павлака со разматена жолчка и посипете со ситно сечкан магдонос. По желба, закиселете ја телешката чорба со оцет или лимонов сок.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт