Направете вкусни мафини со нутела и банани.
Состојки:
- 1 ¾ шолји брапно
- 1/3 шолји шеќер
- 2 лажички прашок за пециво
- сол
- 1 јајце
- 2 лажици масло
- 2 лажици нутела
- ½ шолји млеко
- ¾ шолји пасирани банани
- ¼ лажички цимет
Подготовка:
- Нека се грее рерната на 200 степени додека вие ги намастувате калапите за мафини.
- Измешајте во сад брашно со шеќер, прашок за пециво, сол и цимет.
- Во друг сад изматете јајца со млеко и нутела со масло. Се убаво помешајте и соединете ги состојки од двата сада, па додајте ги и бананите на крај.
- Наполнете ги калапите за мафини и печете 10 минути.
- Декорирајте по желба.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта