Крцкави топчиња кои ќе ги обожавате!
Состојки:
- 500 гр компири
- 1 јајце
- 150 гр фета сирење
- магдонос
- 2 парчиња млад кромид
- 100 гр презла
- брашно
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Компирите ставете ги да се готват во лушпа во посолена вода.
- Кога ќе се зготват излупете ги и изгмечете ги, додајте коцки фета сирење, разматено јајце, исечкан кромид и магдонос, сол, бибер и презла и сè соединете.
- Со лажица вадете топчиња од смесата, обликувајте со раце, извалкајте ги во брашно и ставете ги да се пржат во врело масло додека не добијат златна боја.
- Готовите крокети вадете ги на хартиена салфета.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи