Вкусен компир кој се топи во устата. Ова ќе биде ваша прва асоцијација кога ќе го правите ова јадење.
Состојки:
- 20 гр. маргарин
- 2 лажички црвен пипер
- 1 кромид
- бибер и сол
- 0,5 кг, компири
- масло
Подготовка:
- Се лупи компирот и се сече на кришки, па се сече и кромидот на кругови.
- Се варат компирите десет минути во солена вода, се цедат и се ставаат во тава со масло, па се става кромидот, црвен пипер, сол и бибер и се меша.
- Се става маргаринот горе и се печат на загреана рерна на 220 степени 20 минути.
- Потоа се печат уште десет минути на 250 степени да фатат кора компирите.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи