Калорични, но и многу вкусни стапчиња од кашкавал. Послужете ги со салата и уживајте!
Состојки:
- 300 гр кашкавал
- 2 лажици бело вино
- 2 лажици брашно
- јајца
- 8 лажици презла
- 2 лажици масло за пржење
Начин на подготовка:
- Кашкавалот исечете го на широки ленти и пропрскајте го со бело вино. Потоа извалкајте ги парчињата во брашно, па во разматени јајца и на крај во презла.
- Пржете ги на врело масло додека не поруменат, само еднаш свртете ги.
- Стапчињата од кашкавал сервирајте ги со салата по избор.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути