Едноставен и брз ручек од кој ќе замириса домот: Тава со пилешко со тиквички и шери

Едноставен и брз ручек од кој ќе замириса домот: Тава со пилешко со тиквички и шери

Едноставен и рз рецепт со пилешко и тиквички, идеален за вашиот ручек.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко
  • 1 тиквичка
  • 100 гр. кашкавал
  • ½ лажички црвен пипер
  • сол
  • бибер
  • масло
  • 1 шолја јогурт
  • 1 лажица павлака
  • 200 гр. шери домати
  • магдонос

Подготовка:

  1. Се сече пилешкото на шницли, додека тиквичките на траки.
  2. Се  мешаат сите зачини и се премачкува месото и тиквичките.
  3. Се пропржуваат кратко тиквичките на масло, а исто и месото.
  4. Се става ред тиквички во тава, па пилешко, па изрендан кашкавал, па тиквички.
  5. Се мешаат јогурт, павлака и сол и магдонос и се става преливот.
  6. Се ставаат горе исечени шери домати.
  7. Се пече на 180 степени 20 минути.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука