Нема ништо подобро од колачи кои можете да ги направите брзо, а притоа се исклучително вкусни. Ако барате брзи десерти овој рецепт е за вас!
Состојки:
- 1 мало пакување пишкоти
- 100 мл слатка павлака
- 100 мл слатко млеко
- 100 гр чоколадо за готвење
- 100 гр кокосово масло
Начин на подготовка:
- Растопете чоколадо на тивок оган, додајте слатка павлака и убаво изедначете, па додајте слатко млеко и мешајте додека не добиете глатка крема.
- Оставете малку да се излади. Потопете ги пишкотите во кремата, па извалкајте ги во кокос.
Послужете и уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега