Енергетски топчиња: Брзи колачиња од суво овошје

Енергетски топчиња: Брзи колачиња од суво овошје

Кога ви треба енергија, само земете едно вакво колаче од суво овошје, сусам и кокосово масло.

Состојки:

  • 50 гр суви кајсии
  • 100 гр суви урми
  • 50 гр суви вишни
  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 лажица пржен сусам

Начин на подготовка:

  1. Сувите кајсии, урмите и вишните измиксајте ги во бледнер додека убаво не се иситнат. Ставете ги во чинија и додајте кокосово масло и добро измешајте со раце. 
  2. Од смесата правете топчиња со големина на орев, а потоа извалкајте ги во сусам. По желба, можете да ги извалкате во кокосово брашно. Чувајте ги топчињата во затворена кутија за храна.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта