Пекарски ѓувеч – вкусен ручек од рерна готов за само 25 минути.
Состојки:
- 6 компири
- 250 гр мелено месо
- 1,5 шолја ориз
- 1 главица кромид
- морков
- сув зачин
- бибер
- 1 конзерва сечкани домати
- 1 лажица доматно пире
Начин на подготовка:
- Во тенџере издинстајте исечкан морков, додајте месо, бибер, зачин. Кога месото ќе биде издинстано додајте сечкани домати и доматно пире.
- Излупете компири и исечете ги на парчиња.
- Во огноотпорен сад наредете ред компири, преку ставете исчистен ориз и посолете. Преку оризот додајте издинстано месо со кромид и морков, а потоа од горе повторно наредете компири.
- Прелијте сè со вода така што водата ќе го прекрие компирот.
- Од горе прекријте со фолија и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо