Италијанците знаат најдобро: Направете црвен песто сос – здрави состојки, брза подготовка

Италијанците знаат најдобро: Направете црвен песто сос – здрави состојки, брза подготовка

Совршен сос за секаков вид тестенини!

Состојки:

  • 50 гр босилек
  • 100 гр сушени домати
  • 100 гр бадеми
  • 80 мл маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • 50 гр рендан пармезан
  • 1 лажица балсамико оцет
  • сол
  • малку лута пиперка по желба

Начин на подоготовка:

  1. Препечете ги бадемите во тава без зачини, оставајќи ги на оган десетина минути. Во блендер ставете босилек, балсамико оцет, препечени бадеми, лук, лута пиперка и сол. Измиксајте сè во блендер неколку секунди. Потоа додајте сушени домати и пармезан и блендирајте сè заедно уште 10 секунди. 
  2. Смесата прелијте ја со маслиново масло и добро измиксајте, околу 30 секунди, а потоа префрлете го сосот во чинија. 
  3. Црвениот песто сос може да се чува во фрижидер подолго од месец дена, во добро затворен сад прекриен со маслиново масло.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text