„Бомба торта” – изгледа одлично, се прави брзо, името кажува се

„Бомба торта” – изгледа одлично, се прави брзо, името кажува се

Вистинска бомба од торта готова за кратко.
Ова е рецептот:

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 8 лажици мелени ореви
  • 3 лажици брашно

Фил:

  • 250 гр маргарин
  • 12 лажици шеќер во прав
  • 6 жолчки
  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр плазма мелена
  • 2 дл сок од портокал
  • 100 гр чоколадо за готвење


2 фил:

  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 300 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер за бисквит, па се додаваат оревите и брашно.
  2. Се става во плех и се пече 10 минути на 200 степени, па уште 15 на 180.
  3. За првиот фил се мати маргаринот со шеќер, се додаваат и жолчките една по една. Се ставаат и оревите, па плазмата претходно намокрена во сокот.
  4. Пола од филот се става на бисквитот, пола се меша со чоколадо, па се става и тоа на филот.
  5. Се варат 150 грама шеќер со вода, а другите 150 се карамелизираат.
  6. Се матат белките со шеќер па се ставаат двата вида шеќер, и се прекрива тортата од горе.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text