Направете вкусен појадок кој мами со мирисот.
Навистина одличен за сите љубители на печурки.
Состојки:
- 300 гр. брашно
- 150 гр. маргарин
- ½ л. кисела павлака
- 2 јајца
- 1 дл. масло
- сол
- 250 гр. шампињони
- 1 главица кромид
Подготовка:
- Брашното со маргаринот, киселата павлака и едно јајце се мешаат и се добива лиснато тесто.
- Се пржи на масло ситно сечениот кромид, се додаваат убаво измиените и исечени печурки и сол.
- Се додава на крајот на пржењето и павлаката и се лади.
- Се развлекува тестото и се сече на квадрати.
- Се става малку фил со лажица, па ивиците се премачкуваат со едно јајце, па се преклопуваат да се добие пакетче.
- Се премачкуваат и горе со разматено јајце и се ставаат во плех на 15 минути да се печат на 200 степени.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: