Нешто необично и вкусно, совршен рецепт во морето рецепти за месо и компир.
Состојки:
- 500 гр. компир
- 500 гр. мелено месо
- 9 парчиња кашкавал
- 25 мл. црно вино
- 30 гр. брашно
- 2 моркови
- 1 кромид
- 1 јајце
- сол
- бибер
Подготовка:
- Се пржи во тава меленото месо со ситно исечените кромид и морков, како и сол и бибер, па се додава виното и се меша.
- Се вари и компирот кратко во солена вода, па потоа во смесата кога ќе се исцеди се става едно јајце и се меша.
- Се става во тава целофан, па пирето од компир и една лажица од смесата со месото, па се прави топче со целофанот.
- Се валкаат топчињата во брашно и се пржат.
- Се ставаат во тава потоа и се става кавкавал на секое па се печат 15 минути на 180 степени.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт