Вкусен и брз појадок за 10 минути. Додека сите спијат ќе биде готов и сите ќе ги намами со мирисот.
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 4 лажици путер
- 1,5 лажички прашок за пециво
- 1 лажиче сода бикарбона
- 250 мл. кисело млеко
- сол
- бибер
- 400 гр. салама
- сирење
Начин на подготовка:
- Во брашното се додава исечениот путер, прашок за пециво и сода бикарбона, кисело млеко и сол и бибер.
- Се замесува тесто.
- Се става тестото на побрашнета површина и се прави квадрат, па се става на него салама исечена и сирење изронето.
- Се прави ролат или некоја форма, и се сече на подебели парчиња кои се печат во плех со хартија на 190 степени 20 минути.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: