Сакате нешто вкусно? Брзо и лесно подгответе пилешки прсти со сусам!
Состојки:
- 1/2 кг пилешко филе
- 180 мл кисела павлака Пекабела
- 2 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
- 1/2 лажичка црвена пипер
- 1/2 лажичка оригано
- 200 гр сусам
- 200 гр презла
- сол по вкус
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени. Пилешкото филе исечете го на долги парчиња, налик на „прсти“. Посолете, побиберете и ставете во сад. Додајте павлака, мајонез, сенф, оригано, пипер. Измешајте и оставете малку да отстои.
- Наредете ги прстите во плех обложен со хартија за печење. Печете 45 минути на 200 степени.
- Сервирајте со лимон, салата или сос од павлака, јогурт, сенф и мајонез.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо