Толку вкусен колач не сте пробале: Куглоф со малини и чоколадо (Видео)

Толку вкусен колач не сте пробале: Куглоф со малини и чоколадо (Видео)

Омилениот куглоф, сочен со малини и чоколадо…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 200 мл јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 350 гр брашно
  • 300 гр малини или вишни
  • 100 гр чоколадо растопено со лажица масло (за прелив)

Начин на подготовка:

  1. Растопете 100 гр чоколадо, калапот премачкајте го со масло и посипете го со брашно, вклучете ја рерната на 180 степени. Откако ќе го направите ова можете да почнете со подготовка на колачот. 
  2. Разматете маргарин, шеќер и ванилин шеќер, додајте едно по едно јајце, јогурт, брашно. Во калап ставете поголем дел од тестото, наредете малини и забодете ги во тестото. Во остатокот од тестото измешајте растопено чоколадо па ставете го преку жолтиот дел. Со нож благо поминете низ тестото. 
  3. Печете околу еден час, па оставете колачот да се излади. Извадете го од калапот и прелијте го со растопено чоколадо. Украсете со малини или по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text