Највкусни болоњезе шпагети – еден додаток менува се

Највкусни болоњезе шпагети – еден додаток менува се

Сите деца сакаат тестенини, како и возрасните, па за денешниот ручек згответе болоњезе шпагети со печурки кои даваат посебна арома.

За околу еден час ќе имате вкусен ручек на маса.

Шампињоните се одличен додаток кој јадењето го прави не толку суво и уште по вкусно.

Ова е рецептот:

Состојки.

  • ½ кг. мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 3-4 парчиња свински врат
  • 250 гр. шампињони
  • 2 дл. доматно пире
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • 1 пакување шпагети
  • 2 лажици брашно

Подготовка:

  1. На масло се пржи исечениот кромид заедно со месото и со зачини.
  2. Се додаваат доматното пире и два децилитри вода, па се остава да се крчка.
  3. Се мијат и чистат шампињоните, се сечат, па се ставаат во сосот и се крчкаат и тие кратко.
  4. На крај се ставаат две лажици брашно со малку вода и се убаво се меша.
  5. Се варат шпагети во солена вода и се цедат, па се става од сосот во чинија над нив.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

 

 

singlepost_text