Послужете го со јадење од месо или риба и надополнете го вкусот…
Состојки:
- 100 гр ориз
- 100 гр презла
- 2 рендани моркови
- 2 главици кромид
- 100 гр шампињони
- 3-4 лажици масло
- малку вода
- 1 веза магдонос
- на врв на лажичка мускатно оревче во прав
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Оризот згответе го во солена вода да омекне, исцедете и изладете.
- За тоа време исчистете и исечкајте го зеленчукот, додајте иситнет магдонос и презла и префрлете во поголем сад.
- Додајте изладен ориз, мускатно оревче, сол и бибер и добро измешајте.
- Префрлете в огноотпорен сад кој сте го намастиле со масло, налијте вода и печете 60 минути во загреана рерна на 180 степени.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: