Едноставно се прави, има освежувачки вкус, ќе ја обожавате!
Состојки:
- 4 компири
- 125 гр мајонез
- 30 гр кисело млеко
- 2 лимони
- магдонос
- 1 главица кромид
- маслиново масло
- сол
Начин на подготовка:
- Компирите згответе ги, но не треба да се распаѓаат. Ако кората е фина, не морате да ги лупите. Откако ќе ги зготвите тргнете ги од рингла и оставете ги на страна.
- За тоа време направете сос од мајонез, кисело млеко и маслиново масло. Додјате кромид исечкан на коцки. Магдоносот исечкајте го ситно и оставете го на страна.
- Во млечниот сос додајте и сок, а по желба и кора, од еден лимон. Потоа сосот ставете го во фрижидер да отстои и да ги впие вкусовите во него.
- Исечкајте компирите на коцки и посолете ги. Додајте малку маслиново масло. Зачинете со магдонос.
- Додајте го сосот во компирите, добро измешајте и оставете во фрижидер да отстои 1-2 часа.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути