Еве како да ги искористите остатоците од макарони со сирење…
Состојки:
- макарони со сирење
- 2 јајца
- 200 гр лебни трошки
- билно масло за пржење
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Макароните со сирење оставете ги да отстојат во фрижидер барем еден ден, или смрзнете ги во замрзнувач.
- Со лажица за сладолед направете топчиња од изладените тестенини со сирење. Топчињата можете дополнително да ги обработите со раце.
- Макароните со сирење во облик на топчиња вратете ги во замрзнувач за уште малку да стегнат.
- Вака подготвените топчиња од макарони со сирење поховајте ги со јајца и лебни трошки. Потопете ги топчињата два пати во јајца и лебни трошки ако сакате да се покрцкави. Исто така, посолете и побибере ги лебните трошки ако мислите дека макароните не се доволно зачинетеи.
- Топчињата испржете ги во длабоко масло додека не добијат златно-кафеава кора.
- Исцедете ги од вишок маснотии и послужете ги со сос по желба.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи