Направете вкусен колач со банани, супер чоколаден прелив и јаткасти плодови.
Состојки:
- 3 јајца
- 2 шолји брашно
- 1 прашок за пециво
- 125 гр. маргарин
- 5 лажици какао
- 9 лажици вода
- 2 банани
- бадеми
- ореви
Подготовка:
- Се матат јајцата со брашното и прашокот за пециво, па се тргаат на страна.
- Се ставаат во шерпа вода, маргарин, шеќер и какао и се варат пет минути.
- Се става половина од смесата кај брашното и јајцата, па се додаваат лешници, бадеми, ореви по избор.
- Другата половина е за прелив.
- Се става во плех и се пече на 180 степени, па се вади на половина печење и се додава остатокот од смесата.
- Се пече додека не порумени.
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед