Вкусен грчки колач кој не се пече и има супер вкус.
Состојки:
- 1,5 л. млеко
- 4 желатини
- 300 гр. шеќер
- 1 л. слатка павлака
- 200 гр. чоколадни наполитанки
- 2-3 реда чоколадо за готвење
- 300 гр. бисквити
- 100 гр. чоколадни трошки
Подготовка:
- Се двојат 300 милилитри млеко и се става желатинот во него, а остатокот се вари со шеќер.
- Потоа во врелото млеко се става и она со желатин и се меша, па се лади и потоа се додава и изматената слатка павлака.
- Се дели на три дела смесата, а во првиот не се става ништо односно останува бел, во вториот се ставаат ситно искршени наполитанки, со чоколадото растопено и во третиот измелени бисквити.
- Во тепсија се става фолија, па чоколадни мрвици и бел фил, па се стега во ладилник, па фил со наполитанки, па пак се стега кратко во фрижидер и потоа филот со бисквити.
- Потоа се лади и се превртува наопаку.
- Така мрвиците доаѓаат горе.
- Може да си украсите и со чоколадо.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед