Наша препорака за следниот ручек е ѓувеч без месо, еве како да го подготвите!
Состојки:
- 1 главица кромид
- 5 пиперки бабури
- 3 поголеми домати
- 1 шолја грашок
- 1 шолја моркови
- 1 шолја ориз
- 3 шолји вода
- 1 дл масло
- сув билен зачин
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте кромид, додајте масло и малку вода, па динстајте додека кромидот не биде на половина готов. Потоа ставете го целиот зеленчук кој претходно сте го исечкале и налијте шолја вода. Доматите потопете ги во врела вода неколку минути, тргнете ги лушпите и исечкајте ги. Динстајте на тивок оган 20 минути.
- Кога зеленчукот ќе биде на половина готов додајте измиен ориз, налијте две шолји вода и зачинете по вкус. Поклопете, намалете го огнот и оставете да зоврие.
- Кога ќе го додадете оризот потребно е почесто да го мешате јадењето. По потреба доливајте по малку вода додека оризот не се зготви.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнет ананас со ориз и пилешко