Вкусен ручек со мелено месо и компир кој воедо е и многу економичен.
Состојки:
- 500 гр. мелено месо
- 2 компири
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 4,5 лажици брашно
- ½ кеси прашок за пециво
- 1 мала шолја масло
- сол
- бибер
- вегета
- магдонос
- масло
- малку вода
Подготовка:
- Компирот, кромидот и морковот се лупат и рендаат.
- Се мешаат со меленото месо и брашно, прашок за пециво, малку вода и масло, па магдонос и зачини.
- Се остава неколку часа во ладилник, или преку ноќ.
- Потоа, се формираат плескавички со раце и се пржат на врело масло.
- Се оставаат да впијат маснотија во салфета.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: