Торта готова за 45 минути: Карамел со банани

Торта готова за 45 минути: Карамел со банани

Неодолива торта готова за 45 минути, задолжително пробајте ја оваа комбинација на карамел со банани…

Состојки за кора:

  • 2 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 1/2 шолја вода
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 прашок за печиво
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици какао

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 14 лажици шеќер
  • 5 лажици густин
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 1 кг банани

Начин на подготовка:

  1. За подготовка на кората добро разматете јајца и шеќер, па додајте ги останатите состојки и печете во калап од 24 см на температура од 180 до 200 степени додека не порумени. Изладете ја кората, па преполовете ја. 
  2. Шеќерот испржете го, па кога ќе добие фина карамел боја додајте млеко и чоколадо. Кога карамелот ќе се растопи додајте разматен густин и со постојано мешање гответе додека не добиете фин густ крем. 
  3. Изладете, па додајте маргарин и сè добро разматете со миксер. 
  4. Ставете ја првата кора, па банани исечкани на кругови, половина од филот, втора кора, па остатокот од филот. Украсете по желба.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text