Меленото месо е омилена состојка од речиси секој ручек. Еве како можете да направите одлични ќофтиња со додавање свежи зачини.
Состојки:
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 чешне лук
- 1/2 главица кромид
- 2 лажици презла
- 1 јајце
- 350 гр доматен сос
- 1/2 шолја црно вино
- 1 веза босилек
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Во поголем сад измешајте месо, ситно сечкан лук и кромид, сол, јајце, презла и бибер. Со раце добро замесете ги сите состојки. Оставете ја смесата да отстои околу еден час во фрижидер.
- Со влажни раце обликувајте ќофтиња, потоа пропржете ги на врело масло. Намалете ја температурата, па додајте доматен сос и црно вино. Полека измешајте и оставете да крчка околу половина час. Тргнете од оган и додајте ситно сечкан босилек.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо