Пробајте ја традицијата на југословенската кујна и неповторливиот вкус на „војничкиот грав“.
Состојки:
- 500 гр грав
- 1 главица кромид
- морков
- ловоров лист
- масло
- сол
- бибер
- црвена пипер
- сува пиперка
- магдонос
Начин на подготовка:
- Гравот потопете го во студена вода и оставете го да отстои неколку часа.
- Исцедете ја водата и повторно долијте студена вода. Гответе 15 минути, потоа процедете, налијте врела вода и додајте ситно сечкан кромид. Доливајте врела вода.
- Благо пропжете го остатокот од кромидот заедно со сечкан морков.
- Во одвоената маснотија додајте брашно, посолете и пржете додека благо не порумени. Додајте ситно сечкан лук и пипер.
- Запршката додајте ја во сварениот грав и гответе уште половина час со повремено мешање. Додајте бибер, сол и исечкан магдонос и ловоров лист.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт